Еден ден пред изборите, во саботата, Владата донела Уредба за прогласување кризна состојба поради состојбите во енергетиката. Истата е вчера објавена во Службен весник.
-За критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушување на пазари на електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности, се вели во воведот на Уредбата.
За воведување на електроенергетска кризна состојба потребно е да се формира Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија. Таа Комисија е составена од седет члена и тоа, по еден претставник од Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика, ОЕПС, ОПЕЕ, Операторите не електро дистрибутивните системи. Мандатот на членовите изнесува четири години.
Комисијата врши проценка на состојбите со снабдувањето со електрична енергија во Македонија и во соседните држави. Изготвува и доставува министерот за економија.
Инаку, МЕПСО пред десетина дена предупреди дека во повеќе наврати добиле предупредвања од Европскиот центар за пресметки кој ги регулира односите меѓу националните електроенергетски системи дека нашиот систем заради недостиг на домашно производство сериозно отстапува и нелегално превзема туѓа електрична енергија. Таа енергија заради недостигот на производителот ЕСМ ќе мора да ја плати МЕПСО откако пропаднал тендерот за набавка на струја што го распишал ЕВН – лиценцираниот снабдувач.
Засега нема информации кои мерки ќе ги превземат МЕПСО и ЕВН.