ЕДЕН ОД НАЈБАРАНИТЕ БЕГАЛЦИ: Во Црна Гора е уапсен До Квон, обвинет за кражба на десетици милијарди во криптовалути

/ 23.03.2023

Еден од најбараните светски бегалци е уапсен во Подгорица, соопшти министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ.

„Црногорската полиција приведе лице осомничено дека е еден од најбараните бегалци, јужнокорејскиот државјанин До Квон, ко-основач и извршен директор на Тераформ Лапс со седиште во Сингапур“, напиша Аџиќ.

Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од повеќе од 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а по него трагаат Јужна Кореја, САД и Сингапур“, напиша Аџиќ, додавајќи дека се чека официјалната потврда на неговиот идентитет.


Од истата категорија