Евакуација на луѓе, затворање на патишта, уништување на приватен и државен имот. Голем број на шумски пожари беснеат во делови од САД и Канада. Меѓу погодените се Орегон, Ајдахо, Алјхаска и Алберта. Најзагрижувачка е состојбата во Калифорнија, во близина на градот Чико, во округот Бут.
Пожарот досега опустоши над 660 квадратни километри, површина што е отприлика колку Сан Диего, што, според „Си-Ен-Ен“ е 13-ти најголем пожар во американската историја. Огнената стихија се смета за целосно неконтролирана, иако врз неа дејствуваат над 1.700 пожарникари. Над 4.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, уништени се 134 згради, а под ризик се дополнителни 4.200.
Огнот, според пожарникарски извори, се шири со брзина на човечки од и го зафати руралното подрачје на три часа возење од Сан Франциско. Гувернерот на Калифорнија, Гејвин Њусом прогласи вонредна состојба во два округа кои се под закана од пламените јазли, со цел да се забрза акцијата на властите и спасувачките служби.