Еден рудар на 57 годишна возраст загина денеска во рудникот Тораница во близина на Крива Паланка при минирање.
Како што соопшти МВР , во несреќата се повредени уште двајца рудари, вработени во рудникот за олово и цинк, „Булмак- Минстрој”, поранешна Тораница .
Настанот се случил попладнево. Од одронот, предизвикан од минирањето , починало едно лице на 57-годишна возраст со иницијални Б.М, а повредени се 32-годишниот А.Н. и 30-годишниот Ј.М. кои се пренесени во Клиничката болница во Куманово.
На местото на несреќата се врши увид од страна на обвинител.