Се скарале за канализација. Едниот сакал, другиот не давал да се приклучи. Бизарна причина однесе млад живот, откако вчера убиство и обид за убиство ги потресе жителите на општина Градско, пренеусва Курир.
Трагедијата се случи во планинското село Подлес, кога 42-годишниот Миле Димов со својот две години постар другар и двајцата велешани, работеле на неговата викендица која ја градел таму.
Но, на соседот, 61-годишен жител на Подлес, кој живеел сам, тоа му пречело, па меѓу нив имало расправии. Така било и вчера, околу 16 часот, кога повозрасниот им се заканил на двајцата другари, дека ако продолжат со она кое му пречело, ќе ги убие. Но, Миле и неговиот другар не го сфатиле сериозно.
Откако пукал, ладнокрвниот убиец си влегол дома, си сварил кафе и мирно ја пречекал полицијата, која го уапсила. Додека тој го пиел кафето, вистинска драма се случувала со двајцата другари. Димов бил потешко ранет во стомакот и ногата, па неговиот другар, иако и самиот застрерлан во нога, успеал да го стави во автомобил и да вози 15-тина километри до Градско.
Но, Димов не успеал, починал пред амбулантата. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но залудно, повредите биле фатални за 42-годишниот маж. Неговиот другар бил пренесен во велешката болница.
– Полицијата го приведе 61-годишниот убиец. Утврдила дека пиштолот го поседувал без дозвола. Денеска беше мирно во селото. Само птиците одвреме на време ја прекинуваа тишината.
Телото на убиениот Миле Димов е предадено на обдукција, која заедно со увидот и истрагата ќе ги откријат причините за оваа трагедија.