Скопјанец настрадал во престрелка меѓу две групи на улицата Хо Ши Мин, попладнево во Бутел.

Како што дознава 24 Инфо, на престрелката меѓу две групи и претходела брканица со автомобили низ населбата, па и околу Основното училиште „Живко Брајковски“. За среќа нема настрадано деца и други минувачи.

Во инцидентот едно лице било застрелано во нога и е пренесено во Поликлиника „Чаир“.

Повредено е уште едно лице, но не е познато дали станува збор за повреди од огнено оружје.

Од МВР потврдија дека имало инцидент и најавија повеќе детали во текот на денот.

На сето ова реагираше градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„Мора да помине времето на локални каубојци и криминалци!
Јас како градоначалник на Општина Бутел барам од надлежниот државен орган МВР, веднаш уште вечерва да биде расветлен случајот со попладневните престрелки во Бутел.
Оваа власт досега покажа дека е немоќна да се справува со овој вид криминални случаи, таа мора веднаш фронтално да се соочи со бандитите кои носат немир на граѓаните на нашата Општина, напиша Костовски на својот ФБ профил.