Скопје треба да го прифати предлогот за деблокада на евроинтеграциите, да ја искористи шансата и не смее да дозволи да остане прд вратата на ЕУ уште 17 години, смета албанскиот премиер Еди Рама.
– Ви велам, прифатете го, зашто нема да има друг предлог. Тоа е финален. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години. Вратата треба да се отвори и на тој начин ќе може да се дебатира за сите прашања преку дијалог меѓу Македонија и Бугарија. Отворете ја оваа врата, отворете ја сега, порача Рама во интервју за Канал 5.
Според него, сега е време да се направи избор, а неговото претчувство, како што наведе, говори дека ќе биде голема грешка ако не се прифати предлогот, бидејќи земјата ќе биде оставена, и никој нема да има волја да се наврати на неа, и затоа предлогот не треба да се одбива.
-Видете, јас ја следев целосно тешката работа која беше направена, особено во Мадрид за да се задоволат грижите на македонската страна и можам да ви кажам дека претседателот Макрон ја стави цела своја тежина во 48 часа, дење – ноќе и благодарение на мојата добра врска со него, но и благодарение на Бујар Османи, кој беше неверојатен во неговото трпение, издржливост, и тврдоглавост. Новиот предлог е финален, морате да разберете дека е финален, и јас силно верувам дека е вистинскиот момент и е апсолутно во ред да се прифати и да се отвори оваа врата, рече Рама.
Прашан дали кога тој би бил на местото на македонските власти и македонскиот народ кој се уште ја памети негативната улога на бугарската војска во Втората светска војна и сите негирања на македонскиот идентитет, би го прифатл францускиот предлог, Рама кажа дека бил многу гласен против бугарското однесување и го оценува како срамно.
– Но, во исто врме факт е дека Бугарија е членка на ЕУ, а Унијата има начин на справување со работите кој е траснформиран во смисла на киднапирање на државите во интерес на една или друга земја членка, а на некој начи исто така е распипан и духот на проширувањето. Но, тоа е реалноста, изјави албанскиот премиер.
Рама вели дека останува 100 проценти на искажаните критики кон ЕУ, но укажува дека во овој случај лидерите на Унијата не можеле да направат многи зашто таков е сегашниот механизам на одлучување.
– Тие беа заробени, заложници на Бугарија, исто како нас, но за нас тоа е поболно. Билатералните прашања не треба да стојат на европскиот пат. Ми се лоши кога билатерални прашања како историјата ќе станат политички прашања, а политиката не е таа што треба да ги решева. Колку повеќе тие прашања се водат преку политика, се повеќе се комплицираат. Но, тоа сепак е прашање што треба да го решите вие и не е на мене да кажувам што е, а што не е во ред, рече Рама.
Тој потврди дека Албанија ќе бара одвојување од Македонија на патот кон ЕУ ако Скопје го одбие францускиот предлог.