Британскиот глумец и поранешен боксер Бредли Велш, познат по филмот „Трејнспотинг 2″ (Trainspotting 2), загина на 42-годишна возраст.
Тој бил застрелан со огнено оружје во главата на улица во западен Единбург.
Полицијата ја потврди смртта на актерот, истакнувајќи дека истрагата е во тек.
Пукотниците се пријаввени синоќа окол 20 часот по локално време. На местото веднаш пристигнале специјалци и возила на Итна помош, но Велш починал пред да биде одведен в болница.
Во младоста, Велш бил истакнат фудбалски навивач, а 1993 година станува британски аматерски шампион во бокс, во лесна категорија. Актерското деби го има во епизода од документарната серија „Дени Дајер: Најстрашните мажи”, посветена на познати боксери и борци.
Бил иницијатор и на добротворни проекти за младите во Единбург, со акцент на психо-физичкото здравје и рамноправноста.