Една година од примање на лекот „трикафта“ (кафтрио) кој за мене живот значи. Слободно можам да кажам дека лани на овој датум, на 29.1.2024 година, започна мојот втор живот, напиша денеска Игор Пехчевски од Берово, на својот профил на Фејсбук.

Пехчевски е болен од цистична финроза и на јавноста ѝ е познат по неговата борба за достапност на лекот „трикафта“ со кој значително им се подобрува квалитетот на животот на болните од оваа ретка болест.

„И ако борбата не беше ни малку лесна, пресреќен сум затоа што зачекорив во подруго светло од животот. Веќе ТРИКАФТА ЗА СИТЕ (на кои им одговара) станува реалност. Им благодариме на сите што нè подржаа во нашата борба за лек, а пред сè на медиумите и на медиумските работници, што несебично се вложија во нашата борба и без кои немаше да успееме“, напиша беровецот Пехчевски.