Едно лице е повредено од огнено оружје во инцидент што се случи вечерва околу 18.30 часот на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово.
Според првичните информации, лицето е испратено на Клиничкиот центар во Скопје. На инцидентот му претходела вербална расправија помеѓу две семејства.
Увид во моментов вршат јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.