Неидентификувано лице е уапсено во обид да влезе со автомобил во кругот на Белата куќа следејќи возило на кое му е дозволен пристап, соопшти денеска Тајната служба, елитна единица задолжена за безбедноста на американските претседатели.
– Возилото е запрено и лицето веднаш беше приведено, се вели во соопштението и се додава дека сите улици кон Белата куќа се затворени.
Други детали не се откриваат.