Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни музички натпревари, како и специјална награда за изведбата на етидата на Бургмилер во Д-дур во 2019 година.
Освен што имал голем музички талент, бил и брилијантен ученик со одлични резултати по сите предмети. Покрај музиката, сакал математика и тренирал тенис.
Андрија Чикиќ е една од жртвите на нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Имаше 14 години и голем музички талент. На пијано свири од својата шеста година, а победи на музичкиот натпревар Деца на композиторите, пишува „Вечерњи“.
На Фејсбук страницата на училиштето беше објавено и видео од Андрија како свири на пијано.