Египетската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои доцна синоќа се собраа на плоштадот Тахрир во Каиро протестирајќи против претседателот Абдул Фатах ал Сиси.
Тоа беше еден од ректите протести во египетскиот главен град, откако Ал Сиси дојде на власт во 2014 година.
Протестите беа организирани поради обвиненија за корупција против Владата на Ал Сиси.
Демонстрации се одржаа и во други градови низ цел Египет.