Суд во Каиро потврди денеска 75 смртни пресуди вклучително и за лидери на Муслиманско братство во врска со демонстрациите во поддршка на претседателот Мохамед Морси во 2013 година.
Тоа е најголем број смртни пресуди произнесени за едно дело. Одлуката беше донесена на 28 јули.
Четириесет и четворица беа во судницата, а 31 се осудени во отсуство.
По соборувањето од власт на 3 јули 2013 година на Мохамед Морси, првиот демократски избран претседател во Египет, државата беше зафатена од бран насилства со месеци.