Египетскиот парламент денеска со големо мнозинство гласови ги усвои уставните измени со кои се укинуваат ограничувањата на претседателскиот мандат на актуелниот шеф на државата Абдел Фатах ал Сиси и му се овозможува да остане на власт се до 2034 година.
За уставните измени гласале 485 пратеници од вкупно 596-члениот Парламент.
Измените се дел од пакетот амандмани, кои ќе бидат дополнително разгледувани пред парламентарниот Комитет за уставни и правни работи во следните 60 дена пред второто, завршно гласање во Парламентот, а потоа за тоа прашање ќе биде организиран национален референдум.
Претседателот на Парламентот Али Абдел-Ал изјави дека референдумот веројатно ќе се одржи пред почетокот на мај, кога почнува прославата на Рамазан.