Ракометарите на Шпанија ја постигнаа првата победа во главната фаза на Европското првенство откако го совладаа европскиот првак Франција со 36:32. За Шпанците ова се и првите бодови, додека Франција по денешниот пораз ги намали шансите за пласман во полуфиналето и одбраната на титулата.
„Црвената фурија“ победата ја најави во првиот дел откако во неколку наврати имаше предност од шест разлика (20:14 полувреме), а во вториот дел имаа предност и од +7 (23:16). Европскиот првак Франција намали на 26:25, но немаше сили за комплетен пресврт.
Јан Баруфет од Шпанија со 10 голови беше најефикасен, додека кај Франција најпрецизен беше Омерик Мине со 7 голови.
На првиот дуел од денешната програма Португалија и Норвешка одиграа нерешено 35:35, додека од 20:30 часот се игра дербито на групата меѓу Данска и Германија.
Германија е лидер на табелата со 6 бодови, Данска и Франција имаат по 4, Португалија и Норвешка 3, а Шпанија е последна без бод




