Дуелот од четвртото коло од ЕХФ ракометната лига меѓу РК Еурофарм Пелистер и украинскиот тим Мотор Запорожје ќе се одигра вечер во Германија.
Во пресрет на средбата, тренерот на битолчани, Ларс Валтер изјави дека тимот е подготвен за втора победа.
– Ќе се бориме до крај и ќе сториме сè што е во наша моќ да освоиме два бода против Мотор, тим со добри ракометари. Од тоа што го видов, играат убав ракомет. Одиграа добар натпревар против Архус, Бидасоа Ирун имаше проблеми со нив, па нема да биде лесно. Мора да дадеме се што имаме и да го добиеме овој натпревар, истакна Валтер.
Како што е познато, поради војната во Украина, ракометарите на Мотор Запорожје, средбите како домаќин ги играат во Диселдорф, Германија.