Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот на играчи повикани за претстојната ЕХФ недела.
На списокот на Брестовац се наоѓаат: Никола Митревски, Мартин Томовски, Никола Даниловски, Бојан Маџовски, Цветан Кузмановски, Мартин Поповски, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Милан Лазаревски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Дарко Георгиевски и Михајло Младеновски.
Резерви: Филип Арсеновски, Дејан Кукуловски, Андреј Петковски и Мартин Карапалевски.
ЕХФ неделата Брестовац ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.
За време на подготовките ќе се одиграат и два контролни тренинг натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле.