Европска комисија денеска објави дека ќе обезбеди 400 милиони евра за Палестинската управа како форма на итна финансиска помош во следните два месеци.
ЕК наведе дека парите ќе бидат исплатени во форма на грантови и заеми на три рати помеѓу јули и септември, во зависност од напредокот во спроведувањето на реформската агенда на Палестинската управа.
– Таа поддршка е насочена кон исполнување на обврските кон вработените во јавниот сектор, давателите на услуги и го отвора патот за нова фаза на економска ревитализација, зајакнување на приватниот сектор и решавање на проблемот со невработеноста, се истакнува во соопштението од Палестинската управа.