Извршната власт на Европската Унија инсистира на тоа да нема посебен временски рок за прифаќање на нови земји-членки за влез во Унијата.
Првите две институции во Брисел повторно се судрија, бидејќи извршната власт на ЕУ се повлече од забелешките на претседателот на Европскиот совет дека блокот треба да биде подготвен да ги прифати новите членки во 2030 година
.”Не сме фокусирани на датум, туку се фокусиравме на многу тесна соработка со земјите-кандидатки за да се подготвиме за пристап во Европската унија”, рече заменик-портпаролката на Комисијата, Дејна Спинант, на дневниот брифинг за печатот.
Таа додаде дека Шарл Мишел не се консултирал со претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лејен за содржината на неговиот говор за проширувањето на унијата, на самитот во Блед, Словенија.
Најновото несогласување што излезе во јавноста помеѓу Фон Дер Лејен и Мишел кои исто така ги нарекуваат „Чудната двојка на Европа” доаѓа откако се отвори темата за проширувањето на ЕУ со голема брзина се пренесе во Брисел,
Исто така францускиот претседател Емануел Макрон предложи реформи со повеќе брзина на ЕУ во врска со пристапувањето на земјите-кандидатки. Некои балкански земји со години чекаат да влезат во ЕУ; според законската рамка, тие мора да исполнат голем број барања пред ова да стане можно.
Според Спинант проширувањето е процес заснован на заслуги и на земјите-кандидатки треба да им биде дозволено да се приклучат само откако ќе ги исполнат критериумите за влез на ЕУ.