Вчера, Европската комисија го одобри „Трикафта“ или „Кафтрио“, модуларна терапија за заболените од „цистична фиброза“. Во Македонија има над 100 заболени кои со радост ја очекуваат.
Веста може да се потврди од информацијата на овој линк:
Ние се надеваме дека Македонија ќе ја обезбеди, иако е многу скапа како што може да видите. Засега, на Балканот ќе ја има во Словенија и Грција (таму веќе беше претходно одобрена од институциите, се чекаше само ова одобрение од Европската комисија). Во другите земји, вклучително и во Македонија, допрва ќе се разгледува можноста за да се донесе оваа терапија. Ние сме позитивни и се надеваме на успех, истакнуваат неколкумина наши сограѓани кои самите или нивни блиски боледуваат од оваа болест која е мошне опасна.
Главните симптоми на болеста можат да се јават како комбинација на: хронични белодробни инфекции кои водат до постепено опаѓање на белодробната функција, недоволна снабденост на организмот со кислород(ниска сатурација) проблеми со варење и искористување на храната што може да доведе до мала телесна тежина и проблеми со растот, дијабет, а со тек на времето можат да се јавуваат и бројни компликации кои можат да го засегнат животот на пациентот.
Третманот на „цистична фиброза“ кај еден пациент може е во зависност од индивидуалниот тек на болеста кај пациентот. За пациентот успешно да ја контролира болеста му помагаат физикалната терапија, добра нутриција, додатоци во исхраната, антибиотска терапија за третман на белодробните инфекции, инхалациони муколитици, бронходилататори, антиинфламаторна терапија, а како можно решение е и белодробната трансплантација во крајна фаза на болеста. Истражувањата и резултатите што до сега ги дава модуларната терапија влеваат надеж дека е можно успешно контролирање на текот на болеста до целосно оздравување.
Ова е многу позитивна и убава вест за над 100 семејства во Македонија, пишуваат во обраќањето до нашиот сајт заинтересирани за оваа нова терапија.