Група активисти денеска изведоа Герила акција долж брегот на Дебарско Езеро, со желба да повикаат на колективна одговорност за чиста животна средна.
Со оваа акција, како што самите велат, испраќаат две многу важни пораки за зачувување на оваа природна убавина со која треба да се гордее Дебар.
-Првата цел е инспекциските служби и полициските службеници да си ги извршуваат своите обврски, со тоа што ќе ги казнуваат несовесните граѓани кои се загадувачи на брегот на езерото. Втората порака е подигање на свеста на граѓаните за зачувување на чиста и здрава животна средина, велат активисти.
Додаваат дека мора да се заштитат овие места на кои редовно дебрани рекреираат по патот кој минува покрај езерото а во летниот период со стотици дневно а за викенд и до две илјади лица се на прекрасните плажи.