Екипата на Реал Мадрид на утрешниот натпревар од шпанското фудбалско првенство против Еспањол, ќе игра во зелени дресови, со што сака да го сврти вниманието на јавноста кон климатските промени.

Реал досега двапати играше во зелени дресови, на пријателскиот натпревар со Салцбург ова лето и против Севилја на гости, но ова е првпат да не игра во својот традиционален бел дрес на официјален натпревар на домашен терен, па публиката во Мадрид ќе има несекојдневна прилика да ги гледа своите миленици во некарактеристична боја на опремата.

Мадрид деновиве е домаќин на конференција на Обединетите нации посветена на темата околу климата во светот, па Реал сакаше на ваков начин да даде поддршка за спас на планетата.