Предлогот за референдум е замајување на јавноста и обид да се одварат луѓето од протести, вака активистите гледаат на најавата од власта за реферндум за изградба на рудникот „Иловица“, се вели во прилогот на ТВ 24..

Протест идната недела ќе има. „Иловица“ е еколошка бомба реагираат активистите. На премиерот и лидерот на СДСМ му порачаа референдумот да се оддржи на денот на избори. За ТВ 24 велат дека доколу дојде до евентуално отворање на рудниците тоа ќе значи смрт за населението.

Ставот на екологистите е реакција на одлуката на Централниот одбор на СДСМ референдум по ова прашање.

„Без консултација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство, усогласено со европското, нема да се даде дозвола за отворање на рудник.“ – велат од СДСМ.

И додека активистите алармираат дека станува збор за политичка вмешаност. Тетовецот Назиф Дестани, основач на компанијата „Еколог“ кој преку негова фирма во Холандија на 24 јануари годинава вложил три милиони долари во акции од компанијата „Еуромакс рисорсес“ чија цел е да отвори рудник на бакар и злато кај месноста Иловица во струмичко остана недостапен за коментар.

Инаку само петнаесетина дена откако Дестани ги купил акциите во „Еуромакс“, Вишиот управен суд одлучил да ја уважи жалбата на канадската компанија, која подолг период пред македонските судови се жали на одлуката на Владата да го раскине договорот за една од концесиите за експлоатација на руда на оваа локација.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак бара институциите да ги истражат случајот, но двајцата нивни градоначници во Босилево и Василево останаа воздржани.

„Ова е класично непочитување на законите, бидејќи Владата како концедент носи одлука за спојување на непостоечки концесии. Имено, едната концесија на Еуромакс не е одземена иако не е испочитуван рокот за отпочнување со работа. Наместо тоа, со Одлука на Влада објавена во Службен весник од 4.7.20223 се врши спојување на двете концесии.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И додека граѓанските активисти најавуваат радикализирање на нивниот повеќегодишен отпор против отворање на рудникот за злато и бакар, откако Владата ги спои концесиите на компанијата „Еуромакс Ресоурцес“, надлежните се правдаат, нема да издадат дозвола за експлоатација за отворање на рудник, без претходно исполнување на највисоките светски стандарди и практики за заштита на животната средина.