Работодавците во САД во март вработиле 431.000 луѓе, што значи дека американската економијата е отпорна на шоковои како пандемијата и инфлација, највисока во последните 40 години, но и позитивно за Администрацијата на на претседателот Џо Бајден.
Извештајот на Мнистерството за труд објавен денеска укажува дека минатомесечниот раст на работни места ја намали стапката на невработеност до 3.6 отсто, најниско ниво од почетокот на пандемијата во 2020 година.
Покрај порастот на инфлацијата, постојаните логистички проблеми со снабдувањето, ефектите од Ковид-19, а сега и војната во Украина, работодавците во САД 11 месеци по ред отвараат повеќе од 400.000 работни места.
Одлични економски бројки и добар знак за Белата куќа предвидена од Бајден,чии рејтизи паднаа поради високите цени на горивото и самата инфлација.
Инфлацијата можеби е силна и влијае на потрошувачката, главниот двигател на економијата, но таа стивнува. Во февруари, Американците ги зголемиле своите трошоци за само 0.2 отсто, намалување од јануари.
Пазарот на трудот продолжува да се враќа со неочекувана брзина од економскиот пад предизвикан од коронавирусот. Отворените работни места се на речиси рекордно ниво, а барањата за бенефиции за невработеност паднаа на најниско ниво од 1969 година, се вели во извештајот.