Економијата во еврозоната повторно забави во мај и покажа помал раст отколку во истиот месец пред една година. Растот на новите бизниси е значително паднат, а компаниите се на нивото како во август лани, покажало истражувањето на институто заистражување ИХС Маркит спроведено врз 5.000 компании.
„Додека економските индикатори се влошуваат, а политичката несигурност расте, проспектите за еврзоната се влошија драматично спореднео со пооптимистичките прогнози за почетокот на годинава“, изјави Крис Вилиамсон од ИХС.
На почетокот од годината економскиот раст во еврозоната веќе беше забавен. Бруто домашниот производ во првиот квартал порасна 0,4 проценти споредено со претходната година. Во три последователни квартали економијата пораснала само 0.7 проценти, додека поголем број економски индикатори се ослабени.