ЕКС ЧЛЕНКА НА ЛЕВИЦА ОБВИНУВА: Друг да лажете за патни трошоци

/ 20.01.2025

Фејсбук став на Сандра Грамосли, екс заменик координатор на Левица – Сектор Урбанизам и локална самоуправа.

Во продолжение интегралниот текст од објавата:

„“Они НЕ земале патни трошоци.”

Друг да лажете што не бил со вас! Како бе мене ми плаќавте патни трошоци од партијата (со пари на народот), додека ве развозував низ цела држава?

Ко што и сега си ги плаќате патните трошоци од сметка од партија и собирате патарини по пат, сметки од гориво и кафани за да и ги врачите на генералната да ги оправда.

Немојте бе, немојте да изигравате месии и маченици. Парите на партијата, добиени со гласови од народот ги арчите за ПАТНИ ТРОШОЦИ, судски процеси со новинари, бивши основачи на партијата, луѓе (народ) кој не се согласува со вас на Фејсбук, ги арчите за да спонзорирате постови на Фејсбук (36.400 евра бате само за официјален пејџ), за да си купите службени возила, да си направите најмодерно седиште за вашите состаноци (додека ограноците сами си ги опремуваат канцелариите со сопствени пари, дека партијата нема, нели?), да си купите пола зграда, да си отворите кафич, да си ги излечите детските фрустрации.

Просто наивен е оној кој ви верува дека ќе чепнете од вашите 110-120.000 денари, за било што освен за вашите лични задоволства.

Немојте со парите од народот да го платите бар сопственото членство за работата што ја обавува за вас. Ќе си работат они за безпари, за каузата, за Репубиката, за ДА ЗНААТ НИВНИТЕ ДЕЦА ДЕКА НЕ МОЛЧЕА, и за сите ваши фрази што ќе им ги сервирате.

Вода, е*ана вода не му дадовте на членството што дојде од цела Македонија за вашиот пленум! Организиравте ли вие тогаш превоз за вашето членство за да си ја пререгистрирате партијата? Му плативте ли на членството патен трошок затоа што дојде до Скопје? Ко што си ги плаќате вие патните трошоци со парите од партијата?

Еј! Абе нема да гледаме што правите, само што зборувате!„


Од истата категорија