Екс директорот на Онкологија Нино Васев пред кривичниот суд ги одмина медиумите кои имаа низа прашања поврзни со кражбите на лекови и сериозните обвинувања за начинот на лекување на пацинети на клиниката. Тој се појави на судењето против него за несовесно работење во службата. На пациент со малиген меланом три месеци не му била препишувана терапија на клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба, известува Телма.
Екс директорот на клиниката за Онкологија Нино Васев не одговори на новинарските прашања за скандалот со злоупотребата на лекови за болните од канцер кој ги крена на нозе граѓаните. Медиумите објавија дека освен во клиниката и во неговиот дом викендов истражните органи извршиле претрес, Васев денеска влезе во Kривичниот суд како обвинет но во друг предмет кој се води против него од 2021 година. Одговара за несовесно работење во службата а до него на обивнителна клупа седат уште двајца доктори од Онкологија, Игор Стојковски и Марија Симоновска.
Според обивнението, на пацинет со дијагностициран малиген меланом кој требало веднаш да се лекува, Васев како директор на онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол да сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.
Обвинението не открива зошто не му биле давани лекови на пацинетот но обвинителката очекува до крајот на судењето да се утврди мотивот за тоа.
Денешното рочиште се одложи затоа што ниту еден од тројцата повикани сведоци не се појави. Судењето е во доказна постапка во фаза кога одбраната ги предлага своите докази и сведоци. По тоа следуваат завршни зборови и пресуда.