Владимир ПАНЧЕВСКИ
НЕЗАКОНИТОСТ ИЛИ ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ?
Во однос на законската основа на изречената заводска мерка од Кривичниот суд важно е да се напомене дека според Законот за правда за децата, лицата кои сториле кривично дело како малолетни, но се судени по навршување на 18 години, може да им се изречат воспитно-поправни мерки.
Во конкретниот случај, обвинетиот В.Ј. бил роден на 12.08.2004 година, што значи дека на 29.03.2024 година, кога е сторено делото, имал 19 години и бил полнолетен.
Судот се ставил над законот и применил неприменлив закон, одлучил да примени заводска мерка согласно одредбите од Законот за правда за децата, за лице кое не е дете!
Судот нема дискреционо право да одлучи за примената на вакви мерки во конкретниот случај дури и да сакал да помогне и да ги земе предвид сите околности на случајот, возраста на сторителот, неговата зрелост и можноста за ресоцијализација. (Прашање е дали имало вештачење за зрелоста на лицето, според пресудата НЕМА) Во овој контекст, изрекувањето на заводска мерка е сериозно прекршување на законот односно заобиколување на правдата како некому одговарало!
Секое неприменување на закон е казниво и за тоа се одговара! Примената на законот не е опција туку обврска на судијата! Се друго е шпекулација и замајување на јавноста!