Неколку воздушни проектили кои се приближувале до градот Белгород биле соборени со системи за противвоздушна одбрана, соопшти вчера вечерта гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.

Едно лице загинало, а четири се повредени, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Нашиот систем за противвоздушна одбрана оперираше над Белгород и округот Белгород. Соборени се неколку воздушни цели кои се приближуваа до градот. Службите за итни случаи ги проверуваат информациите за последиците на теренот, напиша Гладков.

Оштетени се домови и две возила. Руските системи за противвоздушна одбрана соборија пет беспилотни летала над Брјанската област.

Вчера во руски напади на повеќе украински градови, загинаа најмалку 30 луѓе, а има и 160 повредени. На 24 февруари ќе се навршат две години од почетокот на руската инвазија во Украина.