Силна експлозија одекна ноќеска во дворот на грчката телевизија Скај, предизвикувајќи само материјална штета на објектот.
На експлозијата, што се случи околу 2.30 часот по локално време и претходеле два анонимни телефонски повици во информативниот портал Зугла и во грчката телевизија Антена.
При повиците, непознато лице предупредило дека е поставена експлозивна направа во Скај, при што неколку пати потенцирало дека не станува збор за фарса и дека бомбата ќе експлодира по 45 минути.
Полицијата веднаш го затворила делот околу зградата на телевизијата, а според Скај, експлозијата била толку силна што биле искршени прозорците од првиот до шестиот кат на објектот.
Наместо од студиото на телевизијата, утринската информативна емисија на Скај утрово се емитува од дворот на телевизијата.
Засега никој не презеде одговорност за експлозијата.