Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силната експлозија што во текот на ноќта се сучи пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не претходел предупредувачки повик или какво било друго известување.

Според државната телевизија „ЕРТ“ експлозијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост од над еден километар, а најмалку седум паркирани автомобили и објектите во околината претрпеле материјална штета.

Во тек е истрага на грчката полиција и одделот за деактивирање на експлозивни направи на грчката полиција за околностите на експлозијата.