Во главниот град на Ерменија, Ереван, дојде до силна експлозија, во која, според локалните медиуми има жртви.
Портпаролката на Министерството за вонредни ситуации соопшти дека кон местото се упатени шест тимови на пожарникари и спасувачки служби. Се стравува дека има жртви.
На социјалните мрежи се објавуваат снимки кои укажуваат дека експлозијата се случила во трговски центар, по што избил пожар.
Руски медиуми, повикувајќи се на изјави на очевидци јавуваат дека прво се слушнала една силна, а потоа неколку помали експлозии, како огномет.
На социјалните мрежи се шпекулира и дека е можно да дошло до експлозија во складиште за пиротехника и дека луѓе останале затрупани.