Притвор за 47-годишниот косовски државјанин Блерим Рамадани кој беше уапсен вчера на граничниот премин „Јажинце“.
„Вчера во 16 часот на граничниот премин „Јажинце“, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 47-годишниот Б.Р. од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија“, извести МВР.
Од МВР потврдија дека Рамaдани е поранешен припадник на ОВК.