Дронови вчера паднаа врз два египетски града, потврди претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси.
Тој ги повика сите нации да го почитуваат суверенитетот и позицијата на Египет во регионот.
-Египет ќе продолжи да игра позитивна улога во конфликтот меѓу Израел и Хамас и не сака тој да се прошири во регионот, додаде тој.
Два египетски безбедносни извори вчера соопштија дека „проектил“ паднал врз градот Нувеиба на Црвеното Море. Израелското Министерство за надворешни работи тврди дека тие биле лансирани од Хутите од Јемен.
фото: МИА архива