Во текот на ноќта поради силна бура, незапамтена со децении, избија големи пожари во близина на Сплит и Макарска и во утронските часови изби пожар и во Солин.
Само на макарското подрачје ноќеска беа активни четири пожари додека пожарот близу Солин изби утрово околу пет часот. Огнот се шири многу брзо со оркански удари на ветар од околу 170 километри на час.
Пожарот кај Сплит изби синоќа и притоа е повреден еден пожарникар. Пожарот опасно се приближи и до паркирани возила и гаснењето го отежнуваа паркирани возила и тесните улици. Утрово во Сплит дува бура со ветрови од 176 километри на час. Тоа е најсилна бура во изминатите 20 години.
Пожар беше регистриран денеска и близу Задар и неговото гаснење го отежнува силна бура.