Британскиот пејач и композитор, Елвис Костело, денес соопшти дека ги откжува сите останати концерти од неговата турнеја во Европа откако неодамна се оперирал од „многу агресивен канцер“.
Костело (63) им се извини на своите фанови за откажувањето на последните шест концерти предвидени со турнејата, меѓу другите и во Хрватска, Австрија, Норвешка и во Шведска. Причината е „сериозни медицински прболеми“.
Тој не кажа за каков тип рак станува збор, но напиша дека според докторите „е многу агресивен“.
„Пред 6 недели докторот ми се јави и ми рече дека сега ќе морам да играм Лото“, напиша Костело. „За среќа тој го открил, бил мал, но многу агресивен малигнен тумор кој беше победен со само една операција“.
Тој до своите обожаватели испрати порака дека духот му е добар, но и дека ќе мора да прифати оти ќе треба подогло време за целосно опоравување.