Потребни се две дози на вакцина за заштита од Делта варијанта на коронавирусот, соопшти денеска Европската агенција за лекови (ЕМА).
Европскиот регулатор исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта Делта забрзано се шири низ целиот свет.
„Според првичните податоци, потребни се две дози вакцина против Ковид-19 за соодветна заштита од варијантата Делта“, се вели во соопштението на ЕМА.
„Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучен за постигнување на највисоко ниво на заштита“, додава ЕМА, која препорачува употреба на две дози на Фајзер/Бионтек, Модерна или Астра Зенека.