НБА ѕвездите се собираат во Орландо, каде ќе продолжи сезоната на најдобрата кошаркарска лига во светот.
Но, не секој е задоволен од условите.
Последен во низата играчи со забелешки беше Џоел Ембид, центарот на Филаделфија.
Тој најави дека не е задоволен од храната што ја добива за време на неговиот 48-часовен престој во карантин.
– Дефинитивно ќе изгубам околу дваесет килограми, сподели Ембид.
Како момче, еден од најдобрите центри во лигата имаше проблем со неисхранетост, што може да му се случи и во Орландо.
– Кога ќе завршам овде, ќе изгледам вака, напиша Ембид, објавувајќи своја фотографија од „старите денови“.