Администрацијата на Трамп побара од ФБИ список на пробни вработени и индивидуални објаснувања за задржување на секој што бил во Бирото помалку од две години, пишува „Ен-би-си њуз“ додавајќи дека тоа предизвикало стравувања во Бирото од нови отпуштања.
Ова доаѓа во време на тековниот спор во врска со напорите за собирање на имињата на вработените во ФБИ што работеле на случаите на 6 јануари 2020 година и откога федералниот судија потпиша договор во петокот, со кој се забранува јавно објавување на списокот на вработени во ФБИ што работеле на големата истрага, која стана најголема во историјата на ФБИ, со повеќе од 1.500 обвинети.
За 21 ден од инаугурацијата на Трамп, неговите назначени извршија промени во ФБИ со огромна брзина – Трамп помилува маса осудени бунтовници од 6 јануари, а еден од нив го назначи за главен федерален обвинител во Вашингтон.