Ако се кандидира, поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да биде избран само на четири години, бидејќи Уставот на САД спречува некој да се избира за претседател повеќе од два пати, и ова може да биде главен аргумент за републиканците кои се против негова кандидатура, коментира радиото Ен-пи-ар. 

На ова синоќа имлицираше и Бил Бар, поранешен генерален обвинител на САД и соработник на Трамп. 

-Аргументот на републиканците би бил, зошто да одиме со Трамп кога тој може да служи само четири години, а да не гласаме за некој друг кој ќе владее осум, коментира денеска гласилото. 

Изборот на Трамп во 2024 година би значело „отворена“ претседателска изборна кампања за следните четири години, а со тоа конзервативците ќе бидат во неповолна положба без актуелен претседател кој може да оди на повторен избор. 

Нешто слично викендов коментираше и Бил Бар, поранешен генерален обвинител на САД кој ги раскина врските со поранешниот претседател по нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година.  

-Републиканците можат да постигнат категорична победа со вистинскиот кандидат, но мислам дека Трамп не е тој кандидат. На денот кога ќе биде избран, тој ќе стане 78-години-стара-куца-патка склона за одмазда отколку за било што друго, изјави синоќа Бар за Си-би-ес. 

Во 22-от амандман од Уставот на САД се вели „ниту една личност нема да биде избрана за претседатал на САД повеќе од два пати, и ниту еден кој бил во служба на Претседател, или бил вршител на должност Претседател повеќе од две години за време на мандат избран за Претседател на некоја друга личност, не може да биде избран повеќе од еднаш“.  

Таков случај беше со 14-месечната служба претседател на САД на Линдон Џонсон по атентатот на Кенеди во 1962 година. Тој потоа, во 1964 година, беше избран за претседател со само еден четиригодишен мандат.  

Додека беше претседател, Трамп неколку пати имплицираше, меѓу другото и на Твитер во 2019 година фотошопирана облошка на Тајм, пред неговиот налог да биде укинат, дека ќе владе „засекогаш“. Тој ги фалеше „вечните“ претседатели, диктаторите како рускиот лидер Владимир Путин и генералниот секретар на Комунистичката партија на Кина Си Џинпинг.  

Во неговите актуелни настапи за поддршка на републиканските кандидати за избор во Конгресот, Трамп и натаму тврди дека ќе учествува во трката за избор на републикански кандидат за претседател на САД и дека ќе победи.