Поранешната манекенка и актерка, Енди Мекдауел во седмата деценија од животот се врати на модните писти и просто никој не верува дека таа е на самиот праг од своите 60-ти.
Мекдауел викендов продефилира на брегот на Сена, по повод ревија на козметичкиот бренд L’Oreal чие заштитно лице е веќе три децении.
Tаа носеше шарен светкав фустан искомбиниран со масивен ѓердан, сандали со платформа и секако бујна брановидна коса.