ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА: Продавниците во Солун ќе затвораат порано

/ 09.10.2022

Продавниците на мало во Солун ќе затворат неколку часа порано за да заштедат струја, пишува „Екатимерини“.

Иницијативата е на Стопанската комора и се очекува да се намалат трошоците за енергија за бизнисите меѓу 5 и 7,5% дневно.

Продавниците ќе можат да работат од 10 до 16 часот во понеделник и среда и од 10 до 19 часот во вторник, четврток и петок.

Се очекува овие мерки да се спроведат и во другите делови од државата со намалување на работното време.


Од истата категорија