Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, не е задоволен од нерешениот резултат со Грција (1:1) на вчерашниот квалификациски натпревар за СП 2022.
– Секој натпревар има свои предизвици. Грција се бранеше многу добро. Ни недостасуваше свежина и суптилна игра во последната третина од теренот. Не е моја работа да оценувам, но мислам дека не заслуживме реми. Мислам дека резултатот 1:0 би бил фер. Не можевме да одговориме на предизвиците што ни ги постави овој меч, истакна Енрике.
Шпанците поведоа преку Алваро Мората во првото полувреме, Грција изедначи во 57.минута со голот од пенал што го постигна Анастасиос Бакасетас.