Европскиот ракометен шампионат, прв во историјата со 24 учесници, од денес до 26 јануари ќе се игра во три држави, Шведска, Австрија и Норвешка.

Шведски градови во кои ќе се играат натпревари од ЕП се:
Малме со „Малме арена“ , капацитет 13.000 гледачи, натпреварите од Е-групата.
Гетеборг во салата „Скандинавиум“ со капацитет 12.000 гледачи, натпреварите од Ф-групата.
Стокхолм со „Теле 2 арената“ со капацитет 22.000 гледачи, натпреварите од финалниот викенд.

Во Австрија градови домаќини се:
Виена со „Винер стадхале“ со капацитет 10.000 гледачи, натпреварите од Б-групата.
Грац со „Стадхале Грац“ со капацитет 6.000 гледачи, натпреварите од А-групата.

Од Норвешка град домаќин е:
Трондхајм со салата „Њу нидарохелен“ – капацитет 8.000 гледачи, натпреварите од Ц и Д групите.