Репрезентацијата на Македонија ремизираше 1:1 против Словенија на гостински терен.
Поведоа Словенците, а Македонија по 13 минути изедначи во натпреварот од второто коло од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020.
Миха Зајц во 34-тата минута донесе водство за Словенија, а Енис Барди со убав гол во 47-та минута го израмни резултатот.
По првите две одиграни кола во квалификациите Македонија има четири бода. Во следното коло, кое на програмата е на 7 јуни, ќе играме на домашен терен против Полска.
Група „Г“:
1. Полска 6
2. Израел 4
3. Македонија 4
4. Словенија 2
5. Австрија 0
6. Летонија 0.