Во резолуцијата се наведува дека Украина мора целосно да се брани и дека без укинување на сегашните ограничувања, нема можност да го оствари правото на самоодбрана и останува изложена на напади врз населението и инфраструктурата.
Во новото свикување на Европскиот парламент за резолуцијата гласаа 425 пратеници, против беа 131, а воздржани 63, соопшти Европскиот парламент.
Пратениците, исто така, го повторија ставот дека сите членки на ЕУ и сојузниците на НАТО треба да се обврзат да издвојуваат не помалку од 0,25 отсто од БДП годишно за воена помош за Украина.
Во документот, исто така, се изразува жалење за намалената билатерална испорака на оружје за Украина од земјите на ЕУ и ги повикува членките на Унијата да го исполнат своето ветување од март 2023 година дека ќе испратат на Украина еден милион парчиња артилериска муниција.
Исто така, се проценува дека треба да се забрза испораката на муниција, оружје и противвоздушни системи, вклучувајќи ги и крстаречките ракети Таурус.
Во резолуцијата, од членките на ЕУ се бара да ја задржат и прошират политиката на санкции против Русија, Белорусија и земјите кои и покрај забраната и снабдуваат на Русија технологии кои можат да се користат за воени цели.