Во воведниот натпревар од второто коло во групата Е Шведска попладнево ја совлада Словачка во Санкт Петербург со 1:0 (0:0).
Стрелец на единствениот гол беше Емил Форсберг во 77. минута.
Второто коло во групата Е ќе биде комплетирано утре со натпреварот меѓу Шпанија и Полска (21 часот) во Севиља.
Табела: Шведска 4, Словачка 3, Шпанија 3 (-1), Полска 0 (-1).