Кошаркарите на Франција се пласираа во финалето на Европското првенство во Германија, откако вечерва во првото полуфинале во Берлин убедливо ја совладаа Полска со 95-54.
Полска во четвртфиналето го совлада актуелниот европски првак Словенија, но во битката за место во финалето немаше сили за нова сензација.
Првиот финалист на Евробаскетот го одлучи цврстата одбрана на Французите, кои ги решија во своја корист сите четвртини, а го сведоа противникот на помалку од 20 поени во првото полувреме.
Во второто полуфинале, кое е закажано за вечерва во 20:30 часот, ќе играат домаќинот на Европското првенство, Германија, и Шпанија.
Германија во четвртфиналето беше поуспешна од Грција (107-96), додека Шпанија ја совлада Финска (100-90).
Евробаскетот завршува в недела кога на програмата се натпреварот за третото место (17:15часот) и финалето во 20:30 часот. (МИА)