Во осминафиналната фаза на Европското првенство репрезентацијата на Италија ја совлада Србија со 94:86 на паркетот во Берлин.
Интересно е тоа што со истиот резултат денеска завршија и претходните два денешни натпревари, Полска – Украина (94:86) и Финска – Хрватска (94:86).
Недоволна беше новата одлична партија на српскиот репрезентативец Никола Јокиќ кој запиша „дабл-дабл“ учинок од 32 поени и 13 скокови.